Шон Бејкер, режисерот познат по своите реалистични и емоционално богати приказни за маргинализираните заедници, триумфираше на овогодинешните Оскари со својот филм Anora, освојувајќи дури четири златни статуетки. Овој успех го вброи Бејкер како втор човек во историјата, по Волт Дизни, кој освоил четири Оскари во една вечер. (најдобар филм, најдобар режисер, најдобра главна актерка и најдобро оргинално сценарио). Ова признание уште еднаш ја потврди неговата уникатна визија и способност да раскажува автентични приказни на големото платно.
Бејкер стекна слава со своите претходни независни филмови како Tangerine (2015), снимен целосно со iPhone, и The Florida Project (2017), кој му донесе светско признание. Неговата работа се одликува со природни актерски изведби, иновативна кинематографија и длабока емпатија кон своите ликови. Со Anora, тој уште еднаш покажа дека филмот не мора да биде раскошен за да допре до срцата на публиката и критичарите.
Филмот Анора (Anora) премиерно беше прикажан на 21 мај 2024 година на 77-от Кански филмски фестивал, каде што ја освои „Златната палма“. По премиерата, филмот беше прикажан во ограничен број киносали во САД на 18 октомври 2024 година, заработувајќи 550.503 долари уште во првиот викенд. Со буџет од 6 милиони долари, Анора заработи над 40 милиони долари ширум светот, што го прави најуспешниот филм на режисерот Шон Бејкер.
Со оваа историска победа на Оскарите, Бејкер го зацврсти своето место како еден од највлијателните современи автори на независната кинематографија.