Промените се неизбежен дел од животот – понекогаш неочекувани, понекогаш тивки, но секогаш значајни. Прифаќањето на тие промени е дел од личниот раст и токму таа динамика на трансформација ја истражуваме во новата рубрика на Портрет – „Се менувам. Природно е.“, поддржана од Rosa.
Ова е простор за искрени разговори, за храброст да се погледнеме наназад, и за гордост кон патот што сме го поминале. Во првата епизода, заедно со Викторија Лоба и Антонио Станков, зборуваме за адаптацијата – колку сме подготвени да се соочиме со новите животни предизвици, и како токму промените, иако често незабележливи на почеток, со текот на времето ја обликуваат нашата лична приказна.
„Се менувам. Природно е.“ е потсетник дека не мора да се плашиме од промената – напротив, таа може да биде најавата на нашата следна, посилна верзија.