Ски-стазите отсекогаш биле динамична модна сцена, платно на кое се сретнуваат умешноста и стилот. Од елеганцијата во педесеттите до енергичната експлозија на бои во осумдесеттите, секоја ера има оставено неизбришлива трага во стилот на зимските спортови. Денес, ретро ски модата доживува возбудливо оживување, а дизајнерите и скијачите повторно го откриваат шармот ни винтиџ силуетите и смелите палети на бои. Правиме носталгично патување по снежните падините и се потсетуваме на неколку ретро ски модни моменти.
СКИЈАЧКИОТ СТИЛ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА
Влијанието на принцезата Дијана ја надминува модата. Како стилска икона која ја редефинираше кралската елеганција, инспирира дури и со нејзините костими од скијачките терени. Спој на елеганција и атлетизам, живописни и впечатливи бои, како славниот црвен скијачки костим од 1986 во Клостерс, Швајцарија.
БРИЖИТ БАРДО: БЕЗГРИЖНА ФРАНЦУСКА ЕЛЕГАНЦИЈА НА СКИ-СТАЗИТЕ
Француската икона, Брижит Бардо, го донесе нејзиниот препознатлив едноставен, но шик стил на ски-стазите. Безгрижна елеганција, како доказ дека стилот никогаш не бара одмор, па дури и на стазите.
ОСУМДЕСЕТТИТЕ: КАЛЕИДОСКОП ОД БОИ
Осумдесеттите беа декада на смели експерименти на ски стазите и надвор од нив. Со доминација на неонските бои, ,,oversize” јакни и скијачки комбинезони со патерни. Во ерата на најистакнатото себеизразување преку облеката, скијачките терени не беа исклучок.
ДЕВЕДЕСЕТТИ: УДОБНО И ФУНКЦИОНАЛНО
Деведесеттите донесоа порелаксирана естетика на ски стазите. Големи џемпери, фланелни кошули и удобни карго панталони. Лежерен изглед совршен за скијање и уживање во планинска атмосфера. Но, оваа деценија, исто така, забележа свртување кон атлетската облека за скијање со фокус на функционалноста и перформансот.
МОДЕРНО РЕТРО: БЕЗВРЕМЕНСКО ОЖИВУВАЊЕ
Денес, ретро ски модата доживува враќање. Дизајнери црпат инспирација од минатите децении, замислувајќи ги класичните стилови со модерен пресврт. Елеганцијата на принцезата Дијана и Брижит Бардо или разиграниот дух од осумдесеттите, постои ретро ски изглед што се вклопува во сечиј стил.