„Профемина“ е регионална конференција во организација на компанијата „Колор медиа плус“ и магазинот „Убавина и здравје“. Осмислена е како осврт на положбата на жените, како во деловниот свет, така и во секојдневното опкружување. Секоја година се обработуваат нови теми и учествуваат панелисти од сите животни сфери.
Осмата регионална конференцијата за жени Профемина ќе се одржи на 22 ноември (петок) во хотелот „Холидеј ИН“ во Скопје, со почеток во 10 часот. Регистрацијата на гостите ќе се одвива во 9.30 часот.
Годинава, Профемина се одржува под слоганот: Креаторка на својот живот. Комплетната програма можете да ја погледнете ТУКА.