Во динамичната градска сцена на Скопје, Distrikt се издвојува како место што непрекинато се трансформира и се приспособува на потребите на своите гости, нудејќи повеќе од класично искуство за дневни излегувања. Со воведувањето на бранчовите секоја сабота од 12 до 17 часот, Distrikt креира уникатен спој на дневна урбана култура, комбинирајќи гастрономски иновации со внимателно осмислени музички програми. Во овој ексклузивен разговор, муабетиме со Кирил Ставрев, директор за храна и пијалаци во Distrikt, и Зорица Блажеска, маркетинг координатор во хотелот „Мериот“ – Скопје, за тоа како ова препознатливо скопско катче станува симбол на префинет вкус, креативност и иновативност во дневната шема во градот.
Што ве инспирираше да воведете бранчови во Distrikt бар и како мислите дека тие ќе го збогатат искуството на вашите гости?
Зорица Блажеска: Воведувањето на бранчот во Distrikt произлезе од нашата желба да создадеме уникатно, незаборавно искуство за нашите гости – не само како оброк туку и како целосен начин на уживање во моментите. Бранчот денес е повеќе од само комбинација на појадок и ручек; тој е симбол на уживање и дружење, можност да се забавуваме и да ги прославиме малите моменти со пријателите и семејството. На нашите гости сакавме да им понудиме простор каде што можат да уживаат во нешто навистина посебно, надвор од секојдневната рутина.
Создадовме мени што вклучува иновативни и свежи вкусови што го надополнуваат амбиентот на Distrikt – од локални и сезонски производи до интернационални вкусови. Целта ни беше да понудиме повеќе од само храна.
Во врска со просторот, ги ставивме завесите за да приредиме поразлично искуство зад завеси. И тука е диџеј Бабура Јуниор, кој нашите бранчови секогаш се обидува да ги направи поразлични со добра музика и опуштена атмосфера.
Со бранчот, гостите добиваат можност да избегаат од брзиот ритам на градот и да се препуштат на една нова култура на уживање. Distrikt секогаш се стреми да создава моменти што ќе бидат запаметени.
Ние веруваме дека со овој проект ќе го збогатиме искуството на нашите гости, не само преку вкусовите туку и преку атмосферата и енергијата што ја носи – тоа е дел од нашата посветеност да им понудиме искуство што е динамично, инспиративно и секогаш уникатно… Зад завесите.
Како изгледаат менијата за бранч? Дали се фокусирате на традиционална храна или вклучувате и интернационални специјалитети?
Кирил Ставрев: Бранч менијата во Distrikt се внимателно креирани за да понудат богат избор што ги задоволува различните вкусови на нашите гости. Фокусот ни е на медитеранската кујна, со свежи состојки и автентични рецепти што го носат духот на Медитеранот во секој залак. Сепак, покрај овие интернационални вкусови, вклучуваме и неколку традиционални јадења што го рефлектираат локалниот карактер и ги слават македонските гастрономски корени. На овој начин, нашето мени за бранч претставува идеална комбинација од вкусови што ги поврзуваат културите и ги носат гостите на кулинарско патување што е и глобално и локално.
Како ги избравте времето и концептот за саботниот бранч? Дали имате специфична публика на која ѝ се обраќате?
Зорица Блажеска: Изборот на сабота за нашиот бранч е внимателно направен за да одговара на потребите и ритамот на градот. Сакаме да создадеме простор каде што нашите гости ќе можат да ја почнат својата викенд-рутина со нешто посебно и да го трансформираат саботното утро во традиција. Со Distrikt бранчот сакаме да понудиме повеќе од само одличен оброк – нашата визија е да создадеме искуство што ќе го збогати викендот на сите што доаѓаат, без разлика дали се локални жители кои бараат место за релаксација, туристи кои сакаат да го доживеат градот на нов начин или групи пријатели и семејства кои сакат да се видат и да го поминат тој ден заедно.
Да бидам искрена, не се фокусираме на специфична публика, туку нашиот фокус е ставен на создавање традиција, нешто што ќе биде достапно и привлечно за сите. Бранчот го гледаме како совршена можност за да се чувствуваат пријатно нашите гости.
Внимателно ги одбравме и времето и концептот, така што бранчот да го претставува слободниот дух на саботата, кога секој може да си дозволи да ужива подолго, да биде дел од опуштената атмосфера и да ги слави малите моменти со вкусно подготвени јадења, добра музика и коктели.
Со овој концепт, Distrikt има цел да ја создаде таа посакувана викенд-навика, која ќе биде во срцето на сите наши гости, традиција што ќе трае и ќе ги обединува сите што сакаат да го почнат денот со нешто навистина специјално и поразлично.
Што го прави Distrikt бар да биде поразличен од другите угостителски објекти што нудат бранч?
Кирил Ставрев: Она што го прави Distrikt бар поразличен од другите е нашата посветеност на уникатноста и квалитетот во секој аспект на искуството што го нудиме. Distrikt не е само место каде што гостите доаѓаат за оброк туку е и дестинација каде што секој детаљ е внимателно осмислен за да создаде чувство на топлина, инспирација и ексклузивност. Нашето бранч мени е инспирирано од најдоброто од локалната и интернационалната кујна. Секогаш се издвојуваме со свежи, внимателно избрани состојки, креирајќи оброци што се уникатни вкусови.
Она што дополнително нè издвојува е амбиентот – поразличен од каде било во Скопје, бранч зад завеси. Едно поразлично искуство што може да се доживее само кај нас.
Во Distrikt, бранчот не е само оброк туку и можност за поврзување, за создавање спомени и за уживање во уметноста на гастрономијата. Сакаме да креираме автентична традиција што ќе ја позиционира нашата понуда како нешто што секој би го очекувал со нетрпение и тоа е токму она што нè прави поразлични.
Кои се вашите очекувања во однос на посетеноста и интересот на гостите за овој нов концепт?
Зорица Блажеска: Како што споменав и претходно: Нашата визија е да создадеме атмосфера што ќе привлече широка палета гости – од оние што сакаат да сe видат со пријателите и семејството до оние што бараат совршено место за релаксација во центарот на градот. Бранчот го гледаме како совршена можност за оние што уживаат во слободното време и сакаат да се наградат со кулинарско патување низ нашето богато мени, со внимателно подготвени оброци што ги комбинираат локалните и интернационалните вкусови.
Со овој нов концепт, очекуваме нашите гости да го прифатат бранчот како традиција, како ритуал на уживање што ќе ги поттикне да се вратат повторно кај нас. Бранчот во Distrikt е повеќе од само оброк; тоа е можност за создавање спомени, за делење моменти со саканите и за откривање нови вкусови. И пред сè, забава на еден поразличен начин зад завесите во Distrikt.
Што се однесува до посетеноста, имаме високи очекувања и уверени сме дека интересот ќе биде голем, особено затоа што бранчот го промовираме како дел од нова викенд-традиција, поразлично од нашето секојдневие. Посветени сме на тоа гостите да го доживеат саботниот бранч како нешто што со нетрпение ќе го очекуваат секој викенд – простор каде што ќе можат да се почувствуваат дел од нешто посебно, доживувајќи ги сите вкусови, мириси и атмосфера што има да ги понуди Distrikt.
Како го одржувате квалитетот на услугата и менито во текот на бранчот?
Кирил Ставрев: Секогаш се обидуваме да го задржиме квалитетот кај нас, не само за бранчот туку и за целата храна што ја служиме кај нас. За да обезбедиме постојаност во високите стандарди, вложуваме во темелна обука на нашиот тим, кој е подготвен да ги исполни и да ги надмине очекувањата на гостите. Секој член на тимот е внимателно обучен за сите аспекти на услугата, од презентација до комуникација, со цел да создадеме пријатно и професионално искуство за сите.
Во однос на менито, внимаваме секоја состојка да биде свежа и квалитетна, а нашите готвачи се посветени на прецизна подготовка и креативна презентација на секое јадење. Со редовно проверување на квалитетот на состојките и постојана комуникација меѓу кујната и сервисниот тим, осигуруваме дека секое јадење го задржува вкусот и изгледот што ги поставивме како стандарди.
Како сметате дека воведувањето бранчови ќе влијае на имиџот на Distrikt бар и неговата препознатливост во Скопје?
Зорица Блажеска: Distrikt веќе се издвојува и е препознатлив по својот висок квалитет и уникатен пристап, а воведувањето бранч е чекор кон понатамошно надградување на нашиот имиџ.
Со бранчот сакаме да ја потврдиме нашата посветеност кон креативноста, иновациите и вниманието кон деталите, создавајќи навика што ќе биде дел од секој викенд во Скопје. Ова не е само нова понуда туку и нешто поразлично. Сакаме да создадеме нова навика, нудејќи им на гостите место каде што ќе уживаат во кулинарско доживување што ги надминува очекувањата.
Сметаме дека бранчот ќе придонесе за зголемување на препознатливоста на Distrikt како место што постојано носи нешто ново и возбудливо на локалната сцена, што го прави идеална дестинација за сите што бараат совршено место за дружење, релаксација и уживање во добар вкус.
Со оваа иницијатива сакаме да создадеме нова традиција, нов ритуал што нашите гости ќе го препознаат и ќе се радуваат на него.