Пионери, платформа посветена на промоција и поддршка на млади македонски уметници и креативци, во соработка со Frida Boutique Botanica ве покануваат на специјален поп-ап настан по повод отворањето на новата концептуална е-продавница FRIDA.MK, како и претставувањето на внимателно одбрани уметнички дела достапни онлајн.
Настанот ќе се одржи во петок, од 16:00 до 20:00 часот, во продавницата на Фрида на ул. Климент Охридски бр. 56, во срцето на градот.
Ќе имате ретка можност да уживате во современа одржлива уметност и дизајн:
- Графики изработени од рециклирани материјали од колекцијата Sweet Memories на Ана Јовановска,
- Уникатен накит креиран од електронски отпад од колекцијата Achtung Baustelle! на Маја Стојковска.
Дојдете да ги запознаете и поддржите младите македонски уметници, да го одберете вашиот омилен цвет и да уживате со чаша вино од Тиквеш или чаша Хајнекен во прекрасната атмосфера на Frida.
