Мирисните ноти на ексклузивниот бренд Д-р Врањес Фиренца отсега ќе можете да ги најдете и низ неколку наши парфимерии. Тоа што овој бренд го прави уникатен е што преку нивните парфеми и производи за домот и за лична нега ќе можете да го искусите италијанскиот стил на живот и безвременската фирентинска архитектура, како и мирисите на областа Тоскана. Made in Italy со овој бренд значи многу повеќе од само место на парфемска креација.
Повеќе од 40 години ги разубавувате домовите на луѓето ширум светот со илјадници мирисни ноти во вашите производи. Кои се основните начела на Д-р Врањес Фиренца по кои брендот расте и се развива?
Д-р Врањес Фиренца е вистинска уметност. Тоа што нè прави уникатни и современи е совршениот баланс помеѓу наследството и иновацијата: имаме корени во минатото, но целосно се проектираме во сегашноста и иднината. Ги предвидуваме соништата и желбите на потрошувачите и се обидуваме да ги исполниме преку мириси со највисок квалитет и оригиналност, како и преку нови категории на производи, за лична грижа и за домот.
Вашата компанија постојано трага по нови, миризливи иновации, но во исто време внимава на зачувување на животната средина. Кои напредни технологии ги користите што ве прават еколошки освестена компанија?
Секој ден, колку што е можно повеќе се однесуваме одржливо и одговорно кон природата и луѓето. Ние сме посветени на производство во Тоскана што би го намалило влијанието врз животната средина. Магијата што ја имаат сите парфемски креации на Д-р Врањес Фиренца доаѓа од мешавина на внимателно и одговорно избрани свежи состојки од највисок квалитет. Нашите снабдувачи ги одбираме врз основа на економската и социјалната одговорност во областите каде што се произведени тие свежи состојки со кои нè снабдуваат. Нашите креации се трајни и вечни. Секој потрошувач може повторно да ги наполни безброј пати благодарение на нашето шише од рециклирана и реупотребрена пластика.
Д-р Врањес Фиренца е светски бренд што се продава во 60 земји низ светот во повеќе од 600 продажни места. Со кои карактеристики сметате дека се позициониравте на врвот на пазарот за ваков вид производи?
Навистина, оваа година успеавме да се прошириме во 76 земји во 650 одредени места за продажба. Тоа што ги прави нашите креации толку уникатни е спојот од софистицираност, оригиналност и креативност. Вредностите што отсекогаш биле препознаени од нашите обожаватели е квалитетот на свежите состојки што ги користиме, оригиналноста на големата палета на мириси што ја нудиме и извонредноста на тоа што сме целосно произведени во Италија. Упорноста и издржливоста на нашите мириси, како и боите, големините и уникатните дизајни на нашите продукти, извонредно направени во Тоскана ги збогатуваат секојдневните животи на нашите клиенти и нивниот начин на живот.
Познатите дифузери за дом и простории велите дека ги обликуваат најубавите моменти од секојдневието. Кои мирисни ноти најчесто се сретнуваат во вашите бестселери од линијата за дом и простории?
Росо Нобиле, Амбра, Џинџер Лајм, Милано, се само некои примери. Мислам дека квалитетот, оригиналноста и високите перформанси се причините зошто луѓето ги сакаат и продолжуваат да ги одбираат нашите мирисни креации.
Брендот потекнува од Фиренца, Италија, земјата на уметност, култура и големо историско наследство. Наоѓате ли инспирација за дизајнот и составот на производите во убавините на вашата земја?
Влегувањето во светот на мирисите на Д-р Врањес Фиренца значи избирање на уникатни и дистинктивни мириси што водат до откривање на мултисензорна добросостојба инспирирана од италијанскиот начин на живот и целосно направена во Италија. Секој од парфемите и продуктите носи клучен мирис за да се чувствувате како дома и да го искусите фасцинантниот италијански начин на живот кога сакате и каде сакате. Освојте го чувството за мирис и вид со безвременската елеганција на уникатните мириси и иконски дизајни инспирирани од величествениот Дуомо од Фиренца. Повеќе од 40 години, Д-р Врањес Фиренца ја опфаќа елеганцијата на Фиренца, нејзината традиција и занаетчиство, како и уметноста на парфимеријата во шише, создавајќи мирисен, оригинален и современ начин на живот.
Производите од вашата култна линија Росо Нобиле се светски бестселер и најпродавани производи од овој бренд. Што мислите дека е пресудно за огромниот успех на оваа конкретна мирисна едиција?
Без никакви сомнежи, Росо Нобиле е нашиот најиконски мирис низ целиот свет. Аромата и мирисот се движат подалеку од хемијата на парфемите. Мислам дека неговиот успех доаѓа од мешавината од инспирација, боја и убавите сеќавања поврзани со црвени вина. Инспириран од моето пријателство со Францис, кинематограф кој има страст за енологија, науката за вино. Во доцните деведесетти години на 20 век, Францис беше убеден дека никој не може да го создаде мирисот на црвено вино, од областите Кјанти и Монтепулчијано. Сакам предизвици, па почнав веднаш да работам на Росо Нобиле. По три години, задоволна со моето „дете“, му го пратив на Францис мирисот во декантер, поканувајќи го да го помириса преку вистински лозови гранки. Мојот пријател беше освоен од резултатот и оттогаш, година по година, целиот свет почна да го цени и да го одбира како експресија на сетилото за мирис.
Кои се приоритетите на компанијата и каде е вашиот работен фокус оваа година? Што ново можеме да очекуваме во 2024 година?
Фокусот оваа година е нашата 40-годишнина, прославена со лимитирана едиција на кутија со Росо Нобиле и излегувањето на Ледар Оуд. Во иднина сакаме да продолжиме да креираме уникатни и дистинктивни мириси што водат до откритие на мултисензорна добросостојба инспирирана од италијанскиот стил на живот. Нашата желба е ова да го постигнеме преку барање баланс помеѓу фирентинското наследство и нашата способност да ја интерпретираме сегашноста преку безвременска елеганција што се карактеризира преку нашите парфемски креации. Работиме секој ден со страст и детерминација да им овозможиме на нашите клиенти да уживаат во нашите мириси во различни форми и на различни места.
Брендот Д-р Врањес Фиренца се пласираше и на македонскиот пазар, со широка палета производи. Каде можат да се најдат овие производи?
Почнавме соработка пред три години со „Контимпекс“ – нашите партнери на пазарот. Заедно ја изградивме најексклузивната дистрибуција, гарантирајќи ја можноста на нашите потрошувачи да ги откријат нашите продукти и мириси во топ парфимериите, четирите продавници на „Космо“ и една на „Шатци“. Сите љубители на нашиот бренд ќе имаат можност да ги откријат нашите мирисни креации во ниш парфимерии.