Атриум го најавува отворањето на ретроспективната мултимедијална изложба насловена „Рефлексии“ во Националната Галерија Чифте Амам на 20 декември со почеток од 19 часот, што ќе приближи поглед кон животот и творештвото на непокорните брачни другари, партизанката и авторка Ратка Ковачева Протугер и ликовниот уметник Димче Протугер.

Од уметничката продукција искажуваат дека изминатава година оствариле истражувачки и продукциски процес, со цел да ја споделат слоевитоста на наследството што Ратка и Димче, како припадници на една будна генерација, ни го имаат оставено сите нам.
Историчарката на уметност и кураторка Јованка Попова за изложбата напиша:
„(…) Во меѓусебните траектории на Ратка и Димче Протугер се открива двојство кое не може да се сведе само на биографија. Нивниот животен и уметнички пат се одвива како паралелен запис на две форми на отпор: борбата за политичка слобода и борбата за уметничка автономија.
Ратка, партизанка и активистка, учествува во материјалната и моралната изградба на слободата, онаа што се освојува со чин, со движење, со колективна жртва.
Димче, сликар и педагог, ја практикува слободата како метод: како постојано отфрлање на догмата, на дисциплинарниот код на социјалистичкиот реализам, на стереотипот на уметникот како идеолошко знаме.“
Од Атриум покрај поканата за заедничко чествување на делото на Ратка и Димче Протугер, во сабота со почеток од 19 часот во Чифте Амам, упатуваат огромна благодарност кон блиските семејства, потомците и пријателите кои придонеле за реализацијата на оваа изложба, Милчо Протугер со семејството, Невенка Протугер со семејството, Воденка Протугер Тошевска со семејството, Брезица Тошевска, Росица Тошевска и Владимир Лазаревски со семејството, Мила Протугер со семејството, Илија Трајковски со
семејството, Камелија Пророчиќ, Стефан Миновски, Јованка Попова и Соња Абаџиева Димитрова.
Истражувачки тим: Ива Рајчевска, Дино Чупевски, Матеј Лазаревски Проектен тим: Дино Чупевски, Ива Рајчевска, Веда Ивановска, Деспина Ралевска
Авторки на текстови во публикација: Јованка Попова, Соња Абаџиева Димитрова, Воденка Протугер Тошевска

Одговорна уредничка на публикација: Ива Рајчевска Соработничка во уредништво на публикација: Веда Ивановска Дизајнерка на постер: Ива Јованова
Фотографија: Александра Костадиновска
Видео: Исток Чаповски
// Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија и Контура, кон чии претставници, се заблагодаруваме за придонесот и поддршката.
Изложбата ќе биде отворена заклучно 27 декември.


