Под мотото „Не сме безбедни“, граѓани и активисти се собраа денес на протест пред МВР за да им изразат поддршка на жртвите на родово и сексуално базирано насилство и истовремено побараа од полицијата посериозно и попрофесионално да се зафати со решавањето на вакви случаи.
Директен повод за протестот организиран од феминистичката платформа „Медуза“, беше неодамнешниот инцидент во кој див таксист нападна 19-годишна студентка, за потоа да избега од државата. Тој притоа беше обвинет за недолично однесување.
Сексуалниот напад не е недолично однесување, жртвите двојно се виктимизираат, полициските службеници се несензибилизирани и нестручни при пријави за родово насилство. Тоа беа само дел од пораките што ги упатија активистите.
„Полициските службеници во станиците се несензибилизирани и нестручни при пријави на родово базирано насилство; полициските службеници не знаат да проценат што е сексуален напад, сексуално вознемирување и телесна повреда па истите ги подведуваат под го „недолично однесување“; полицијата прави двојна виктимизација и ја одолговлекува постапката и уште еден насилник бега од лицето на правдата“, кажа пред присутните активистката и новинарка Александра Спасеска, активистка и новинарка.
Тие апелираа директно до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да се санкционираат полициските службеноци во ПС Аеродром кои не постапиле професиоално и дополнително ги виктимизирале и вознемириле жртвите.
Активистката Сара Миленковска истакна дека случајот со дивиот таксист е еден од многуте кои можеле да се видат во изминатите недели, но и години. Оттука, таа повика на протест и на 8 март, за, како што рече, заедно да покажеме уште еднаш дека ќе останеме тука, се додека треба да почнат да ги прават работите како што треба.
„Ќе останеме и ќе бидеме доследни, се додека тие не почнат да си ја вршат работата, меѓутоа не само преку протести, туку и преку нашиот активизам и преку директно посочување на проблемите кои што гледаме дека тие активно ги игнорираат.
Кај здруженијата кои што овозможуваат бесплатна правна помош на жртвите на родово засновано насилство, обично доаѓаат жените кои веќе трпат насилство со години, посочи Драгана Дрндаревска од Коалиција „Маргини“.
Според нивните статистики од последните шест месеци, документирании се 45 случаи на родово засновано насилство, а од нив 35 се жени кои веќе 10 години трпеле насилство и се охрабриле да пријават.