Серијата „Наследство“ (Succession) е номинирана во најмногу категории на престојните 74-ти „ЕМИ“ награди кои ќе се одржат на 12 септември. Серијата, во која се опишува животот на семејството Логан кои ја контролираат најголемата медиумска и забавна компанија на светот, доби вкупно 25 номинации, меѓу кои и за најдобра драмска серија и најдобри актери. По 20 номинации имаат сериите „Тед Ласо“ (Ted Lasso) и „Белиот Лотос“ (White Lotus).
Оваа серија ја доби наградата во 2020 година, а овој пат е во категорија со „Еуфорија“, „Озарк“, „Чудни нешта“ „Игра на лигни“ , „Стршлен“, Подобро побарај го Сол“ и „Одвојување“. „Игра на лигни“ е првата не-англиска серија која успеа да добие „ЕМИ“ номинации во некои од главните категории.
Во категоријата за најдобра комична серија, покрај „Тед Ласо“ номинирани се и „Основно училиште Абот“ „Бери“, „Скрати го ентузијазмот“, „Стар штос“, „Чудесната госпоѓа Мајсел“, „Зграда на убиства“, и „Што правиме во сенките“.
Во категоријата за најдобра лимитирана серија или антологија покрај „Белиот Лотос“ номинации добија и „Откажување“, „Измислувајќи ја Ана“, „Пам и Томи“, и „Испишување“.
Меѓу актерките кои се борат за „ЕМИ“, номинирани се Рејчел Бросханан, Кели Куоко, Сандра О, Џулија Гарнер, Лаура Лини, Тони Колет, Џоди Комер, Сидни Свини а меѓу актерите се Доналд Гловер, Колин Фирт, Ендру Гарфилд, Оскар Ајзак, Мајкл Китон, Џејсон Бејтман.
Целосната листа може да ја видите на линкот.