„Намакани во езерото“ – инспирирана од спокојот и длабочината на Охрид. Покрај езерото во најтоплите летни денови, оваа колекција го впива амбиентот, боите и тишината што само ова место знае да ги понуди.
Колекцијата содржи повеќе парчиња облека – внимателно дизајнирани со фокус на графичката приказна ДРЕД“: естетика, чувство што се носи. Секое парче го раскажува ова лето – форма, боја и текстура.
Само природна светлина, топлина од каменот и тивко присуство на езерото. Моделите се дел од креативната сцена што со години е вградена во Дредпен – пријатели, соработници, гласови што се слушаат без зборови.
Ова не е колекција направена за сезона.
Ова е капсула на спомени, мирис на лето, и облека што носи приказна.
_______
Локацијa: Охрид
Модели: Марија и Емилија