Велат дека водата е движечка сила на сите живи суштества на нашата планета. Водата е живот, водата е постојано движење, тек на постоењето, водата е природен показател на сите животни промени и циклуси. Заедно со нашите соработници Роса вода ја создадовме рубриката ,,На прошетка со Роса”, во која имаме можност да поразговараме со интересни соговорници, да уживаме во убавините на природата во пролет и секако да слушнеме инспиративни мисли и практики за здрав живот.
Нина Ангеловска Станков е синоним за успешна бизнис приказна, но и пример за вложување во себе и своите професионални квалитети. Таа и нејзиниот пријател Огнен Бражански кој е долгогодишен кајакар и тренер по мултидисциплинарен фитнес се наши гости во рубриката На прошетка со Роса. Од нивниот разговор научивме дека дисциплина како на работното место, така и во приватниот живот е најважна алка за добри резултати.