Модата обожава да игра со времето. Секоја сезона носи нови трендовиЧ некои живеат кратко, некои се задржуваат подолго, но постојат и такви парчиња што немаат рок на траење. Без разлика дали ги гледаме на плажа, на улица или во галерии на модните блогови, овие класици остануваат секогаш тренди, свежи и полни со стил. Ова се неколку од тие парчиња кои не се враќаат, бидејќи никогаш и не изглегле од мода.
Бел лен
Без конкуренција – ленот е материјалот на летото. Посебно во бела боја, ова е парче што зрачи софистицираност, свежина и природна естетика.
Класични црни очила за сонце
Никогаш не е прашање „дали се во мода“. Прашањето е само: каква рамка да се носи денес? Црните очила со едноставна форма се секогаш тука како заштита од сонцето и симбол на самоувереност.
Плетена чанта
Ратан, слама или памук – плетените чанти се летен симбол на безвремено уживање. Без разлика дали е за пазаењер, плажа или за низ град, ова парче секогаш изгледа природно, лесно и тренди.
Неутрални кожени сандали
Сандали во беж, кафена или црна боја се класика што го преживува секој летен тренд. Се комбинираат со сè и секогаш изгледаат софистицирано.
Монохроматски комбинации
Монохроматскиот изглед (all-white, all-beige, all-black), елеганција со минимален труд.
Oversized сако
Слободната силуета на oversized сакото овозможува да го носиме на повеќе начини: како дел од smart casual изглед, или со летен фустан, иако кај нас, ретко е потребно.