Во период кога дигитализацијата станува основа на ефикасното деловно работење, финтек алатките се наметнуваат како неопходен партнер на секоја модерна компанија. Web Pigment, под водство на Митко Кочковски, го разви Denarior — иновативен финансиски и магацински софтвер дизајниран да го поедностави работењето на малите и средните бизниси. Во ова интервју разговараме за мотивацијата зад развојот на системот, предизвиците, придобивките за компаниите и иднината на финтек решенијата во Македонија.
Последниве месеци напоменавте дека работите на значаен финтек проект. Што беше главниот мотив да започнете со развој на ваков софтвер и што лично за вас беше најголем предизвик во процесот?
Како и секоја приказна, и нашата започна со пријател кој имаше реална потреба од вакво решение — едноставно за користење, со брз пристап до сите потребни информации. Првата верзија беше многу проста, но потоа дознавме дека УЈП ќе го воведува системот за е-фактури. Најголемиот предизвик за нас беше имплементацијата на автоматското раскнижување преку внесување TXT дневен извод од банка, бидејќи различни банки користат различни формати на фајлот.
Што сметате дека е најважната предност што компаниите ќе ја почувствуваат веднаш по имплементацијата на овој систем?
Најважната предност е заштедата на време и елиминацијата на заборавени фактури.
Конкретен пример: еден од нашите клиенти откри дека губел 15 часа месечно на рачно внесување и следење фактури.
Системот автоматски:
• ги памти клиентите по ЕМБС — внесувате еднаш, а следниот пат само го започнувате бројот и сè се пополнува;
• ја следи залихата во реално време;
• го пресметува ДДВ балансот;
• предупредува за достасани фактури.
Од самиот старт компанијата добива јасна слика за приливот, долговите и залихите — без Excel табели, без хартија и без главоболки.
Системот е модуларен и прилагоден за различни индустрии. Според вас, кои сектори во Македонија најмногу имаат потреба од вакви решенија?
Според мене, вакви системи им се најпотребни на фирмите кои нудат услуги: консултантски компании, сметководствени бироа, ИТ компании, маркетинг агенции. Во нашиот систем има модул за повторливи фактури кој им го автоматизира целиот процес на креирање фактури. Дури имаме и функционалност за еднократна наплата — кога ќе се внесе таква услуга, следната фактура автоматски се зголемува за таа сума и потоа се брише. Ова е особено корисно за сметководствените бироа при испраќање дополнителни наплати за завршни сметки.


Какво влијание очекувате да има автоматизацијата на финансиските процеси врз ефикасноста и организацијата на локалните бизниси?
Верувам дека автоматизацијата ќе заштеди многу работни часови, а вработените ќе можат да го насочат времето кон други, покорисни задачи. Нема да постојат грешки со преклопување броеви на фактури, а сите податоци ќе бидат достапни од било каде, во секој момент.
Замислете: сте излегле на терен, склучувате договор и веднаш испраќате фактура. Тоа остава сериозен и професионален впечаток кај клиентите.
Системот вклучува и магацинско работење, а многу компании имаат предизвици токму во овој сегмент. Каква вредност очекувате дека ќе им донесе оваа функционалност?
Ова е навистина болна тема на нашиот пазар, и за работодавачите и за сметководителите. Нашиот систем не дозволува промена на залиха без да се остави јасен траг. Имаме функционалност историјат на производ, каде што се прикажува секоја промена на залихата — било преку влезна/излезна фактура или преку корекција. Дополнително, постои и извештај за попис кој им е потребен на сметководителите при креирањето на завршната сметка.
Спомнавте дека има бројни автоматизации. Како гледате на нивната улога — како дополнителна погодност или како клучен дел од трансформацијата на финансиското управување?
Конкретно во делот на финансии, автоматизацијата е неопходна. Работевме со пилот фирми и ги слушавме нивните болни точки.
Замислете да треба да раскнижите 10 уплати од редовни клиенти кои не користат цел на дознака и уплаќаат делумни износи. Во Denarior, целиот процес трае две минути за сите десет уплати.
За некои корисници ова ќе биде клучна функционалност, за други погодност — но времето што ќе се заштеди најдобро ја покажува вредноста.
Каде ја гледате иднината на финтек решенијата во Македонија и каква улога очекувате вашиот софтвер да има во дигиталната трансформација на компаниите?
Со забрзаниот развој на АИ и со континуираната дигитализација на државните услуги, Македонија се движи во вистинска насока. Отвора огромен простор за нови финтек функционалности кои реално го олеснуваат и забрзуваат работењето на компаниите.
Ако се навратиме назад, пред појавата на е-банкарството, работодавачите мораа физички да одат во банка за да проверат уплати. Денес, тоа го прават од мобилен телефон и добиваат нотификација веднаш. Ова е доказ колку брзо може да се смени начинот на работење — и ние сакаме да бидеме дел од таа трансформација.
Како продолжение на разговорот и за сите што сакаат одблизу да го запознаат Denarior, ве покануваме на демонстрацијата на Denarior системот, која ќе се одржи оваа сабота во 12 часот во Netavile, на улица Никола Тесла во Скопје.
На настанот ќе можете да ги видите во живо сите функции што го прават Denarior практично решение за модерно управување: креирање и испраќање е-фактури, автоматско пополнување на клиенти преку ЕМБС, повторувачки фактури и автоматски потсетници, следење уплати и состојба на клиенти, внес и автоматско поврзување на банкарски извештаи, како и целосно магацинско работење.
Демото ќе ги претстави и специјализираните модули за транспортни компании, авто сервиси и туристички агенции.
Ова е идеална можност да видите како Denarior може реално да го поедностави администативниот дел од работењето и да ја зголеми ефикасноста на вашиот бизнис.

