Легендарниот бренд за долна облека и костими за капење Lisca го одбележа својот голем јубилеј со спектакуларна модна ревија која уште еднаш го потврди статусот на брендот кој е синоним за безвременска елеганција, квалитет и удобност.
Во срцето на Љубљана, пред повеќе од 700 посетители Lisca го освежи модниот пејзаж со моќната порака „Living my Life”.која беше пренесена и на модната ревија како симбол на женската сила, убавина и слобода да се живее со стил и самодоверба.
Настанот започна со впечатлива ретроспектива – модели од 1955 година кои ја покажаа еволуцијата на брендот низ децениите. Гала вечерта продолжи со претставување на современата колекција пролет/лето 2026, од нежните бела, кајсија и розева до магента и сензуално црна боја- вистинска ода на стил, современа елеганција и беспрекорна женственост.
Директорот на Лисца, Лука Јужна по повод јубилејот нагласи ” Постои посебна самодоверба која произлегува од чувството кога носите нешто извонредно – таа тивка моќ што не се гледа, но се чувствува. Тоа е да се живе по сопствени правила со сопствена сила.Затоа создаваме долна облека за секој период од животот на жената: за утрата кога никој не гледа, за вечерите кога сите гледаат, за самодовербата која доаѓа одвнатре, за вистинската моќ во нејзиниот живот. Лисца е ветување на слобода, квалитет, убавина, успех – и ние го исполнуваме”








Со своето наследство започнато во 1955 година, Lisca ја обликува женската елеганција преку иновативен дизајн и беспрекорни кроеви. Денес, брендот е присутен во повеќе од 40 земји и важи за еден од водечките во светот на женската долна облека и костимите за капење. Lisca претставува симбол на бескомпромисен квалитет, трајна женственост и современа елеганција.
Со новото лого, кое го носи мотивот на лисица, брендот мајсторски го спојува своето богато наследство со современата визија, создавајќи визуелен идентитет што претставува икона на елеганција и префинетост .


70 години успешна историја се само почеток. Lisca не го слави само минатото, туку со сигурни чекори се стреми кон иднината, креирајќи нови трендови и продолжувајќи да го дефинира светот на женската долна облека. Брендот останува верен на својата мисија – да ги инспирира жените ширум светот да се чувствуваат убаво, самоуверено и моќно.
Lisca ги преминува границите на модата, создавајќи не само долна облека, туку и емоции кои траат – токму тоа го прави брендот уникатен, неприкосновен и беспрекорно луксузен.

