Халкбанк АД Скопје повторно го насочува вниманието кон она што е вистински вредно – поддршката на домашното производство и афирмацијата на креативни македонски брендови. Со новата летна соработка, банката потврдува дека нејзините кампањи не се само модерни и привлечни, туку и општествено значајни.
Овојпат, Халк соработува со два инспиративни локални производители – Pura Perla и Scoop, во рамките на ексклузивна летна едиција на ко-брендирани производи, кои ќе бидат достапни во ограничени количини како дел од промотивниот материјал за тековните летни активности на банката.
Pura Perla е пример за современа локална козметика што комбинира природни состојки со естетика и стил.
Scoop пак, со својата посветеност на автентични вкусови и занаетчиска изработка, одамна е симбол за квалитетен, рачно направен сладолед.
Pura Perla x Halkbank: Сјајот на летото, создаден дома
Првиот производ е уникатно масло за тело со светкав ефект, специјално креирано од Pura Perla – македонски бренд познат по внимателно формулирани, природни и визуелно префинети козметички производи. Ова масло не само што нуди совршена летна хидратација и суптилен сјај, туку е и симбол на женственост, елеганција и локална прецизност.
Scoop x Halkbank: Сладолед што зборува на јазикот на сите
Од друга страна, Scoop – пионер во креирањето на рачно изработени сладоледи со автентични состојки – за оваа колаборација подготви неодолив сладолед со вкус на ванила. Едноставен, класичен, но сосема уникатен во квалитетот и префинетоста што ја носи. Како создаден за топлите летни денови и насмевки споделени со пријателите.
Повеќе од маркетинг – ова е вистинска поддршка
Преку оваа кампања, Халкбанк уште еднаш покажува дека нејзините бренд соработки имаат подлабока смисла.Покрај за креирање на промотивен материјал кој се дели како додадена вредност за клиентите на банката во одредени кампањи, тие се и канал за видливост, валоризација и вистинска поддршка на домашните претприемачи. Во економија каде што малите бизниси се моторот на иновацијата и трудот, ваквите акции се повеќе од симболични – тие се реална можност за раст, препознавање и проширување на пазарот.
Веќе проверен рецепт за успех
Ова не е прва иницијатива од ваков вид. Халкбанк досега стоеше зад креативни колаборации како:
– HalkEco торби и маици со брендот JF на модната дизајнерка Јована Филиповиќ
– ,,Фустани со џебови” со македонски модни дизајнери
– HalkEZ чорапи со студиото 22Април
– HalkEZ и HalkEco дресови со Dreadpen
– HalkEco хамоци и Halk торби со Марели трејд
– HalkEco чорапи со ИНТ трејд
– Детски касички за штедење со Монкдолс
– Детски подароци со Мала Пажња
– Даски за сервирање со Монозеро и др
Резултатот секојпат беше ист – производи што раскажуваат приказни и кампањи што инспирираат.
Новата летна колаборација на Халкбанк со Pura Perla и Scoop не е само визуелно атрактивна соработка, туку пример за тоа како големите институции можат да создадат простор и препознавање за малите, но моќни локални брендови. Овие мали, внимателно осмислени производи се многу повеќе од промотивен материјал, тие се порака дека домашното производство вреди, дека квалитетот постои и тука, и дека со вистинска поддршка може да стигне далеку.
Следете ги промотивните активности кои Халкбанк ги споделува на своите канали и не пропуштајте ја можноста да уживате во вкусот и сјајот на домашното производство,затоа што кога една банка стои зад своите клиенти, тоа не е само банкарство, туку вистинско партнерство што се чувствува.