Додека полека се збогуваме со летото, го започнуваме септември со креативност, разговор и заедничко дејствување. Со задоволство ви го претставуваме Колаж Клуб на Мрежа Стела, настан посветен на креативно справување со предизвиците на дигиталното родово базирано насилство.
Овој клуб е наменет за сите креативни личност кои сакаат да ја искористат својата имагинација во борбата против насилството, или пак бараат простор каде што креативноста и имагинацијата се неограничени. Заедно ќе создадеме уникатен шпил карти преку колаж, при што секоја карта ќе носи порака, мисла или одговор на штетните реалности на дигиталното насилство. Ова заедничко дело ќе послужи како алатка за подигање на свеста и зајакнување на солидарноста.
Каде: кафе-книжарница Илика
Кога: среда,10 септември, со почеток во 18:00 часот
Што да очекувате: Креативна сесија на правење колажи, рефлексија и дружење. Не е потребно претходно искуство – само понесете ја вашата Pinterest Board.
Ве покануваме да го проследите настанот и заедно преку креативен активизам да ја покренеме свеста за опасностите и предизвиците од дигиталното родово базирано насилство. Преку нашиот Прирачник за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор ќе информираме за препознавање на дигиталното насилство и родовите дезинформации и како може да се справиме и да делуваме за безбеден простор за сите.
Регистрацијата за сите учесници е на следниот линк .
Доколку ви се потребни повеќе информации контактирајте ја Марта Стевковска на tanevska.marta@gmail.com или на телефонскиот број 075/733-094.
Настанот се одржува во рамките на регионалниот „Defend the right to be yourself“ со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Франција во Северна Македонија.