Со оваа креација, креаторот Романо Ричи посака повторно да нѐ поврзе со суштината на Juliette. Лансиран во 2006 за да ја размрда целата парфемска индустрија, брендот Juliette
has a gun постојано се обидува да ги разоткрие многуте аспекти на женственоста. Juliette стои како симбол на самоуверена комлексност, гордост и непослушност.
Слободна и страсна, Juliette го води танцот. Овој нов мирис со ноти на темна цреша, розов бибер и апсолут јасмин нѐ кани да ги следиме волшебните чекори на дамата што го носи. Иконично црвено!
Шишенцето парфем, во огнено црвена боја, е одразот на Juliette. Страсна црвена боја што ја отсликува желбата која ги осветлува усните и жарот под високите потпетици. Сензуална и топла нијанса, во контраст со металните букви и капаче, како намигнување на смелите парадокси на нашата модерна хероина.
Тајното оружје на новиот парфем Juliette:
Темна цреша, розов бибер, јасмин апсолут, кашмеран, грав тонка, амброксан.
Родена да биде икона.