Наречен J Force 1s (игра на зборови за Jacquemus и Air Force 1), новиот модел на патики ќе биде биде пуштен во продажба во средината на јуни.
Во последните месеци многу се шпекулираше за продолжување на соработката на дизајнерот Jacquemus и брендот Nike, бидејќи минатото лето тој го додаде моделот Nike Air Humara во избрана комбинација на бои, ви својата сопствена колекција, и не ги демантираше неодамнешните неофицијални фотографии од новата соработка.
Сега тоа е потврдено, и на големите врата доаѓа моделот на патики по име J Force 1s, резултат на личниот печат на Jacquemus на омилениот модел на Nike – Air Force 1.
Редизајнираните патики доаѓаат во црна и бела боја, а моделите се именувани со интересни термини – Triple White и Triple Black, а се опишани како „софистицирани чевли со духот на Air Force 1“, а самиот дизајнер се обидел да ја изрази својата долгогодишна желба за соработка со брендот преку култниот модел Air Force 1: „Инспирацијата доаѓа од желбата на овој модел да му се даде минималистичка силуета која може да се носи и со фустан и со костум, а дел од инспирацијата доаѓа од моделите за планинарење Terra Ci ACG на Nike што ги носам со години“.
Новите модели од оваа соработка ќе бидат достапни онлајн на веб-страницата на Jacquemus почнувајќи од 13 јуни за 170 долари.
Извор: Elle. rs