IKEA повторно нè изненадува, овој пат со спектакуларна соработка што веднаш го привлече вниманието на љубителите на дизајнот низ целиот свет. Шведскиот гигант се здружи со младиот и талентиран дизајнер Густаф Вестман, познат по својот карактеристичен стил што комбинира елементи од 70-тите години со модерен и минималистички пристап. Резултатот е колекција што носи свежина и носталгија истовремено, правејќи го секој дом уникатен.
Кој е Густаф Вестман?
Густаф Вестман е шведски дизајнер чија работа е инспирирана од богатата историја на дизајнот, особено од ерата на авангардниот стил од 60-тите и 70-тите. Неговите креации се препознатливи по смелите линии, органските форми и употребата на светли, но земјени бои. Густаф Вестман успева да создаде мебел и предмети што се чувствуваат како вистински уметнички дела, а сепак се функционални и практични. Неговата филозофија е да го врати дизајнот во фокусот, да го направи забавен и личен.
Што може да очекувате од колекцијата?
Колекцијата, наречена VARMBLIXT, е вистинска ретро приказна раскажана на модерен начин. Во неа доминираат стаклени и светлечки парчиња што веднаш ќе ве потсетат на интериерите од минатото, но со суптилни, современи допири. За очекување се: LED светилки,декоративни предмети од стакло, чинии и послужавници во топли нијанси, тепих со брановиден дезен што додава движење и динамика на просторо, помошна масичка со уникатен и скулптурален дизајн.
Целата колекција ја нагласува топлината и удобноста, а истовремено задржува префинет, скандинавски минимализам. Густаф Вестман и IKEA заедно создадоа нешто што е и шик и пријателско, совршено за секој што сака да го освежи својот дом со парче историја, но во модерен контекст.
Колекцијата на Густаф Вестман е веќе достапна во продавниците на IKEA, па ако сте подготвени да внесете малку ретро стил со современа елеганција, не пропуштајте да ја разгледате.