Во свет каде што славата сè почесто значи влијание што се претвора во капитал, Hailey Bieber постигна историски договор: нејзиниот бренд за skincare и козметика, Rhode, е продаден за неверојатна сума од една милијарда долари.
Официјално лансиран во 2022 година, Rhode за само неколку години стана синоним за „clean beauty“ естетика, минимализам и грижливо курирана нега за кожа. Брендот доби култен статус благодарение на внимателно избраните производи, виралниот ефект на TikTok и секако – личниот печат на Bieber, која внимателно го градеше наративот околу Rhode како „luxe look for less“ бренд, достапен, но со високи стандарди.
Според изворите блиски до договорот, купувачот е голем beauty конгломерат кој сака да го засили своето присуство кај Gen Z и милениумската публика. Одлуката за продажба доаѓа во момент кога славните личности сè повеќе се одлучуваат да капитализираат на своите брендови во клучниот момент на нивниот раст, наместо да ги водат до точка на заситеност.
Hailey Bieber изјави дека ќе остане креативен консултант и „лице на брендот“, но ќе се повлече од секојдневното управување:
“Rhode отсекогаш беше за нешто поголемо од мене. Горда сум на тимот, на комјунитетот што го изградивме и на визијата што сега ќе добие уште поголеми ресурси за да расте.”
Оваа продажба го поставува Rhode во истата лига со брендови како Rare Beauty на Selena Gomez и Fenty Beauty на Rihanna, но и поставува нови стандарди за тоа како една славна личност може да го изгради и продаде својот бренд – брзо, стратегиски и со јасна визија.
Модната и beauty индустријата внимателно ја следи секоја наредна нишка што Rhode ќе ја исплете – сега под ново сопствеништво, но со иста препознатлива естетика што веќе го освои светот.