Во време кога науката и убавината се неразделно поврзани, на македонскиот пазар пристигнуваат два глобално признати дермокозметички бренда кои веќе со години ги поместуваат границите на неинвазивната нега: Fillerina и Crescina, дел од портфолиото на реномираната швајцарска компанија Labo Suisse.
Основана во Базел во 1986 година, Labo Suisse својата репутација ја гради врз научна извонредност, швајцарска прецизност и континуирана инвестиција во истражување и развој. Денес компанијата е присутна во 57 земји ширум светот, со портфолио од патентирани формулации поткрепени со клинички студии и меѓународни научни публикации.
Fillerina – науката што ја моделира убавината
Лансирана во 2012 година, Fillerina претставува вистинска револуција во anti-age дермокозметиката. Станува збор за првата и единствена неинвазивна козметичка алтернатива на дермалните филери, со клинички докажана трансдермална пенетрација на 12 различни типови хијалуронска киселина.
Благодарение на оваа патентирана мултимолекуларна технологија, Fillerina овозможува пополнување на брчките, подобрување на волуменот и зголемување на тонусот и густината на кожата – без инјекции и без инвазивни интервенции, директно во домашни услови.
Ефикасноста на Fillerina е потврдена преку in-vivo тестирања, објавени во реномирани научни списанија како Journal of Cosmetic Dermatology (Wiley) и JOJ Dermatology & Cosmetics, со што брендот се позиционира како единствен дермокозметички третман со научно докажана способност за навлегување на хијалуронска киселина низ кожата.
Најновата генерација, Fillerina 12 Densifying-Filler, претставена во 2021 година, ја унапредува оваа технологија со подобрена трансдермална пенетрација и уште поизразени резултати:
– намалување на длабочината на брчките во просек за 21,8%,
– зголемување на волуменот до 48%,
– подигнат изглед на јаболчниците и
– зголемување на волуменот на усните до 44,7% по 14-дневен третман.


Crescina – иновација во третманите за раст и истенчување на косата
Создадена уште во 1998 година, Crescina е првата козметичка формулација во светот специјално дизајнирана да стимулира раст на коса во некомплетно атрофирани фоликули. За разлика од класичните anti–hair loss производи кои главно го намалуваат опаѓањето, Crescina делува на коренот на проблемот – повторниот раст.
Патентираните HFSC комплекси, заедно со напредна трансдермална технологија, овозможуваат активните молекули да стигнат директно до фоликуларната структура. Ефикасноста на Crescina е потврдена со in-vivo студии објавени во научното списание Dermatology and Therapy (Springer), што ѝ обезбедува статус на глобален лидер во сегментот hair re-growth.
По четиримесечен третман со Crescina Re-Growth, кај сите испитаници биле забележани позитивни резултати, со просечно зголемување од 10,56 нови влакна по cm², значително повеќе во споредба со плацебо групата. Производот е достапен во различни јачини (200, 500 и 1300), за мажи и жени, во зависност од степенот на истенчување и опаѓање на косата.


Швајцарска технологија што создава доверба
Со 29 активни патенти, силна научна ориентација и партнерства со универзитетски и меѓународни истражувачки центри, Labo Suisse континуирано го унапредува развојот на современата дермокозметика. Нивните производи не се само дел од секојдневната рутина, туку претставуваат реални, клинички потврдени решенија за кожа и коса.
Од Реплек посочуваат дека македонскиот пазар созреа за дермокозметика со јасно дефинирани и докажани резултати
Во почетната фаза, Fillerina и Crescina ќе бидат достапни во поголемите аптеки низ Македонија, како и во селектирани козметички и бјути салони. Акцентот ќе биде ставен на аптеките, со можност за физичка и онлајн продажба, додека присуството во дрогерии е планирано од јануари.
„Со лансирањето на Fillerina и Crescina на нашиот пазар, воведуваме дермокозметика која поставува сосема нови стандарди во оваа категорија. Овие брендови нудат неинвазивни, клинички докажани и веродостојни решенија за предизвици кои директно влијаат врз самодовербата – од истенчена коса до намален тонус и густина на кожата. Очекуваме силен прием, затоа што пазарот е подготвен за производи кои не само што ветуваат, туку и испорачуваат видливи, мерливи и научно потврдени резултати. Fillerina и Crescina не се само нови имиња – тие означуваат почеток на ново поглавје во современата, премиум и неинвазивна нега.“- изјави бренд менаџерката

