По втор пат оваа година се одржува еден од најиновативните настани на овие простори, FASHION KILLAZ vol.2.
По успешниот настан во клубот Станица 26, овој проект ќе се оддржи на уште поголема и поексклузивна локација, ХЕДОН РЕСОРТ на 04.10 со почеток од 18:00.
Панорамски поглед на Скопје, уникатни инсталации, модна писта, свежа музика и коктели се само дел од активностите кои ќе придонесат посетителите да добијат едно поинакво искуство. Бидејќи ова не е класична ревија, ова е нешто различно, нешто кул, нешто ново кај нас.. FASHION KILLAZ vol. 2
Организација: Enigma и WHY2K.