Поради моите професионални ангажмани и обврски се наоѓам во Кина. Секое утро го почнувам исто, со здрав појадок.
Кога ќе пристигнам на одредената локација, веднаш се започнува со шминка и гардероба. Не ми преостанува ништо освен трпеливо да позирам.
Највоодушевен досега сум бил од посечните плажи на Јанг-Чианг, каде што ја снимивме кампањата за новата колекција од Shein.
Обично кога завршува фотосесијата или на кафе пауза ги разгледувам сликите и разговараме со клиентите околу позите и преостанатите комбинации. Оваа фотосесија траеше околу 11 часа и беше доста исцрпувачка.
Оваа глетка исто така никогаш нема да ја заборавам. Паметам дека се враќав назад истиот тој ден кога завршивме со снимање на плажите. Би ја нарекол една од моите најомилени фотографии од зајдисонце, заедно со стаклените облакодери на Гуангџоу.
Денот завршува со една прекрасна вечера која се одвива на отворено место со поглед кон реката „Бисер“ и остатокот на градот.