Институтот за бои на Pantone, тим составен од предвидувачи на трендови, психолози за бои и експерти за брендирање, доби задача да ја избере боја што ќе ја опфати извонредната кариера и трајното влијание на Дру Баримор. Резултатот е мека сјајно-златна жолта, дизајнирана да ги прикаже нејзиниот оптимизам и креативен дух. Nијансата е топла и живописна колкуи самата Дру. „Дру Баримор жолтата” зрачи со радосен сјај и е симбол на желбата на Дру за среќа. Дру Баримор го доби овој уникатен подарок за својот педесетти роденден.
“Денес сме тука да ги прославиме твоите достигнувања со тоа што ќе те поканиме да бидеш дел од неколкумината избрани да имаат своја сопствена Pantone боја,” рече Танесе Вилијамс, од Pantone, изненадувајќи ја Дру со објавата во „Шоуто на Дру Баримор”
Покрај ентузијастичката реакција на Дру, фановите на Инстаграм ги споделија и своите мислења за бојата. Сега сакаме сѐ во ДРУ БАРИМОР жолта боја.
Дру Баримор жолтата, според Pantone, е повеќе од само боја — тaа е одраз на нејзината топлина, љубопитност и радост. Кремаста златно-жолтата нијансата е исполнета со добро расположение и чувство на креативна енергија, исто како и самата Дру.
За оние кои ја познаваат работата на Баримор, особено нејзиното шоу, изборот на жолта боја воопшто не беше изненадување. Бојата е дел од дизајнот на сетот и графиката на шоуто и создава пријатна и оптимистичка атмосфера. Но, според Pantone, одлуката отишла подалеку од обична естетска асоцијација. Тие се обиделе да ја доловат суштината на Баримор – нејзината заразна енергија, нејзината личност и нејзината посветеност на прославување на индивидуалноста.
„Дру Баримор Жолта” е повеќе од само нијанса; таа е чувство. Pantone ја опишува како мека, примамлива златножолта боја, дизајнирана да предизвика чувство на топлина и удобност. Тоа е боја која зборува за мисијата на Баримор да создаде пријатни простори, на екранот и надвор од него.
Моќта на лична Pantone боја
Баримор се придружува на елитна група на поединци и брендови со своја Pantone – нијанса, признание историски резервирано за културни икони и корпоративни гиганти. Минатите бои како Kate Spade Green, Crumbl Pink, Minion Yellow, Prince Purple, и Team Coco Orange станаа синоним за нивните имиња, визуелно опфаќајќи го нивното влијание, вредности и наследство. И сега „Дру Баримор жолтата” ја носи истата тежина: светилник на позитивност, потсетник на светлината што таа ја носи на оние околу неа, и е траен симбол на нејзината филозофија дека радоста треба да се споделува.
Дру, добре дојде во семејството на Pantone!