Фестивалот Здраво Млади 12 ќе се одржи на 3.9.2022 со почеток од 19 часот.
Овогодинешнио фестивал има 3 главни бини и неколку поп-ап локации низ МКЦ каде ќе бидат гости 15 артисти од целиот свет.
Издвојуваме соработката со Амок Радио, Амок бина која ќе има уникатна селекција на артисти.
Артисти кои ќе се дел од Здраво Млади 12:
- Bufiman
- Deerhoof
- ШТАДТ
- 21 век
- Палиндром
- Not Wawing
- Tamada
- Sitzpinker
- Martina Peneva
- Emi Ermilova
- Xajka
- Porto Morto
- Herzel
- Dj Fitz
- Оваа листа на артисти е курирана така да одговара на сечиј вкус. Со гордост ги прикажуваме нашите локални артисти, млади бендови и искусни музичари, драги диџејки како Мартина Пенева и Еми Ермилова.
Ова е листа која нуди бранови на звукот донесени од преку 10,390 km далечина, дава спој на неспоивото и уживање кое не се заборава!
Овој повик е за да уживаме во добро познатата музика која ја сакаме, но и да откриеме нови артисти кои не секој има можност да ги чуе, посебно кај нас!
Особена гордост ни е што оваа година дизајнот на постерот достигна извондредна популарност, одлучивме да локалниот уметник Гоце Илиевски кој со себе носи бројни признанија и награди, го направи дизајнот на Здраво Млади.
Покрај музичката програма, Здраво Млади ја збогати програмата со обука за инстаграм филтри кои преку агментирана реалност го менуваат изразот на лицето на социјалните медиуми како младите уметници би можеле да се изразат на еден уникатен начин.
И за крај како уникатна и екслузивна соработка го двоиме „носењето во живот“ на друидот од постерот, кој ќе е испринтан со помош на 3D принтер и овековечен во лимитирана бројка на терариуми од локални артисти и ентузијасти за ботаника, Etherial3D и Цветко.