Ако мислевте дека Crocs нема повеќе како да ве изненади, размислете уште еднаш! По серијата соработки со музички ѕвезди и модни дизајнери, брендот сега направи чекор напред, навлегувајќи во светот на технологијата на најнеочекуван начин. Crocs се префрли од нашите нозе директно во нашите раце, со иновација која ја спојува модата со секојдневната употреба.
Во соработка со јужнокорејскиот бренд SLBS, специјализиран за техничка облека, Crocs лансираше футрола за паметни телефони која е буквално како мини верзија од нивните незаменливи кломпи. Ова е повеќе од обична футрола – тоа е генијален спој на естетиката на Crocs со модерните додатоци, создавајќи нешто сосема ново и единствено на пазарот.
А најдобриот дел? Како и обувките, и овие футроли доаѓаат со карактеристичните дупчиња, па можете целосно да ги персонализирате со вашите омилени Jibbitz привезоци. Замислете, можете да имате маска и Crocks во ист стил. Футролите доаѓаат и со практично ремче кое се вади, а достапни се во нежни пастелни бои, совршени за секоја комбинација.
Оваа соработка е уште еден доказ дека Crocs одамна прерасна во бренд за животен стил. Тоа е стратешки потег кој го зацврстува местото на Crocs во урбаната мода, трансформирајќи ги од удобни обувки во функционални додатоци. Со оваа футрола, Crocs уште еднаш докажа дека стилот може да се најде на најнеочекувани места – сега, дури и на вашиот телефон.