Здраво драги читатели! Тука е Bestie, најдобрата пријателка на секоја девојка. Заедно со dm дрогерие маркт успешно ја започнавме кампањата ‚‚Никогаш повеќе сама‘‘, преку која поставивме повеќе од 220 диспанзери на државните универзитети, кои редовно ќе бидат надополнувани со хигиенски влошки од приватната марка Jessa. Дополнително, покрај панел дискусиите, едукативните содржини, музичките плеј-листи, предизвиците и шесте проекти кои преку невладините организации ќе се спроведат за да се намалат ефектите од менструалната сиромаштија, а да се зголеми менструалната правда, јас и dm дрогерие маркт решивме да трагаме по повеќе податоци и информации околу менструацијата, менструалната правда и менструалната сиромаштија во Македонија.
Денеска сакам да ви зборувам за многу важни теми, за кои многу научив преку истражување за менструалната сиромаштија и менструалната правда во Македонија. Овие теми не се само женски прашања, туку се и прашања за достоинство, пристапност и правда за сите нас, девојките и жените.
Преку кампањата „Никогаш повеќе сама“, dm дрогерие маркт постави амбициозна цел да ја подигне свесноста за овие предизвици и да направи промени. А јас сум тука да бидам до секоја девојка, да ѝ ја дадам својата поддршка во најнепредвидливите моменти. Денеска сум тука за да споделам што открив, да поделам идеи како да се подобри ситуацијата со менструалната сиромаштија и заеднички да се избориме за поголема правда во Македонија.
Што открив?
Почнав да ги пребарувам некои од најдобрите и најсодржајни истражувања во Македонија, кои ми ја приближија реалноста. Од податоците од истражувањата открив:
Речиси секоја трета жена во Македонија барем еднаш се нашла во ситуација да нема пари за влошки, па морала да импровизира со крпи или тоалетна хартија. Половина од овие жени се нашле во истата ситуација повеќепати, што ја покажува длабочината на проблемот. Ова е сериозен показател за менструалната сиромаштија, но и за наметнатиот луксуз на менструалните производи, кои треба да им се достапни на секоја девојка и жена во Македонија.
- 39% од жените понекогаш купуваат поевтини производи за менструална хигиена од тие што ги сметаат за најдобри. Кај жените со минимална плата оваа бројка се искачува на 56%. Тие се приморани да користат поевтини или најевтини производи кои честопати се покажуваат како недоволно квалитетни и не им се корисни за време на менструацијата.
- Најчесто користените производи за менструална хигиена се влошки (91%), но само 8% користат производи за повеќекратна употреба, како менструални чашки или реупотребливи влошки.
- Дури 90% од жените сметаат дека јавните тоалети во Македонија немаат услови за безбедно и достоинствено одржување на менструалната хигиена.
- 43% од девојките отсуствувале од училиште поради менструација, а 63% од нив отсуствувале барем еден ден месечно.
- 98% од анкетираните жени би поддржале целосно ослободување од ДДВ или намалување на данокот на менструалните производи.
* Извор: Истражување ‚‚Проценка на менструалната сиромаштија во Македонија‘‘ (2018 година, Новинари за човекови права) и Сеопфатна студија за пристапот до менструална хигиена во Република Северна Македонија, проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките ‚‚Менструална правда‘‘ (2021 година, Тиииит! Инк.).
Овие бројки зборуваат за сериозната економска бариера која ги засега жените и девојките во Македонија. Од друга страна, хигиенските услови се повеќе од потребни во јавните објекти. Притоа, девојките се соочуваат со предизвици во образовниот процес кога станува збор за менструацијата. Бариерите мора да се надминат, важно е работите да се променат и да се олесни пристапот до менструалните производи. Секако, јас не би била Bestie доколку не споделам одредени предлози за надминување на овие бариери и подобрување на условите за секоја девојка и жена во Македонија.
Што предлагам?
Предлагам институциите, но и бизнис заедницата да осмислат изводливо решение преку кое ќе им помогнат на сите девојки и жени да имаат полесен пристап до хигиенски влошки во јавните тоалети. Веќе сме на пат до поголема менструална правда преку намалување на ДДВ на менструалните производи од 18% на 5%, намалено во септември 2023 година. Со овој чекор сме веќе поблиску до подобра менструална хигиена, подостапна за сите, а особено за финансиски најзагрозените. Дополнително, треба да се промовираат и субвенционираат еколошки производи за повеќекратна употреба кои долгорочно се поекономични.
Предлагам и ги охрабрувам јавните институции и бизнис заедницата да најдат идеален начин за обезбедување бесплатни менструални производи во сите училишта и јавни објекти. Тоа ќе донесе позитивни промени во македонското општество и ќе го намали нивото на менструалната сиромаштија. Оваа мерка ќе овозможи секоја девојка и жена да има пристап до производите што ѝ се потребни за време на училишните денови, додека подобрувањето на условите во јавните тоалети ќе биде подостоинствено за сите.
Јас, Bestie, како ваша поддршка при сите непредвидливи ситуации и прв избор за поддршка во непредвидливите моменти за време на предавањата на факултетите, сакам да кажам дека ниедна од вас не треба да се чувствува сама или засрамена поради нешто што е природно. Заедно со dm дрогерие маркт веќе направивме чекори напред – поставивме 220 диспанзери со бесплатни хигиенски производи на универзитетите низ Македонија кои редовно ќе се дополнуваат во текот на оваа и следната година.
Но, ова е само почеток. Продолжуваме да се бориме заедно, со вас и со dm дрогерие маркт, за иднина во која менструацијата нема да биде причина за срам или изолација, туку ќе биде тема за гордост, поголема правда и подобри услови. Секоја од вас, никогаш повеќе нема да биде сама, бидејќи нé има мене и dm дрогерие маркт покрај себе.