На 26 септември во 19 часот, во Галерија МКЦ ќе се отвори изложбата „Art Beyond Ink“ – динамичен уметнички настан кој ја преиспитува границата меѓу традиционалното и современото творештво. Во соработка со Младинскиот културен центар и под водство на организаторите Симона М. Новаковиќ и Петар Мильковиќ, изложбата ги обединува различните светови на креативноста во една заедничка сцена.
„Art Beyond Ink“ претставува платформа каде повеќе автори со различни пристапи и медиуми споделуваат идеи и ги поместуваат границите на визуелната уметност. Посебно внимание е посветено на тату артистите, чие творештво ја надминува класичната дефиниција на уметноста, претворајќи ја кожата во живо платно и отворајќи нови перспективи за креативниот израз.
За изборот на највпечатливите дела е задолжено стручно жири, предводено од уметникот Страхил М. Петровски, додека свеченото отворање ќе биде посветено на Горазд Кени Китановски. Изложбата ќе биде отворена за посетителите вкупно четири дена, нудејќи ретка можност да се искуси еден неконвенционален пристап кон уметноста и колективното творење.
Овој настан е покана за сите љубители на современата култура да ја откријат уметноста во нејзините најразлични форми – од платно и скулптура до тетоважа – и да бидат дел од разговорот за тоа што значи уметност денес.