Филмот Blonde за Мерлин Монро во кој Ана де Армас ја одигра улогата на Мерлин, предизвика бура од реакции и критики поради начинот на кој во филмот траумата на Мерлин е повторно главна одлика на актерката и истите виктимизирачки наративи се во фокусот наместо тоа како Монро ја водела својата кариера, талентот и успесите кои ги доживеала, филантропијата за која се залагала и несебичната помош која ја давала низ својот живот. Филмските рецензенти го опишаа филмот на Ендрју Доминик како вулгарен со култура на искористување на женското тело, а Мерилин како ништо повеќе од жртва низ целиот свој живот и кариера.
Diet Prada напиша 9 инспирирачки факти за Мерилин Монро кои посакувавме да ги гледаме во филмот.
Мерлин ги откри сексуалните предатори во Холивуд
Во ко-авторска статија во 1952 година со наслов „Волците кои ги знам“ го опиша сексуалното искористување кое го доживеала додека била млада актерка. Таа напиша „Првиот волк на кој налетав треба да се засрами од себе бидејќи се обиде да искористи дете„. Но таа не е само жртва бидејќи цврсто стоела на ставот дека „иако наивна сепак набрзо сфатив дека ова не е начин да се добие улога во филм“.
Се борела за еднаква плата
Додека работела на филмот Девојка во розеви хеланки се дознало дека Френк Синатра кој ја толкуваше машката улога заработува три пати повеќе од неа во истиот филм. Во знак на протест, таа си заминала од филмскиот сет. Како резултат 20th Century Fox ја суспендирале што всушност било грешна одлука бидејќи без Мерлин филмот немал иднина. Откако се вратила од суспензија и дале поголема плата и и гарантирале статус на ѕвезда во следните филмови.
Основала своја продукциска компанија
Во 1955 година заедно со пријателот фотограф Милтон Грин ја основала продукцијата Мерлин Монро со која биле осигурани еднаквата плата и креативната слобода за актерите. Продукција имала успешни проекти, а за романсата Bus Stop еден критичар напишал дека филмот ефективно еднаш засекогаш го отфрла наративот дека Мерлин е само гламур. Исто така била номинирана и за Оскар и Златен Глобус. Продукцијата Мерлин Монро била предност актерката да добие добар договор со Фокс Студиос, поголема плата и гарантирано одобрување на сите главни аспекти на новите креативни проекти.
Монро ја помогнала кариерата на Ела Фицџералд
Како фан на џез иконата Ела Фицџералд, па кога ноќниот клуб Макамбо ја одбил Фицџералд да настапува бидејќи не била доволно „гламурозна“ Мерлин ја спасила ситуацијата. Самата Фицџералд кажала дека и должи многу на Монро бидејќи му се јавила на сопственикот на клубот и му кажала дека доколку ја ангажира Фицџералд секоја вечер таа ќе седи на маса во прв ред. Тоа и го направила, а Ела Фицџералд добила настапи цела недела. Покрај тоа на првата вечер од настапите дошле и Франк Синатра и Џуди Гарланд.
Била сојузник на ЛГБТИК+ заедницата
Кариерата на Монро била секогаш борба против машкиот стрејт поглед. Таа се обидувала да ја задржи автономноста врз својата женствена сексуалност и се бунтувала против мизогинистичките коментари на своите колеги. Оваа пасија ја споила со ЛГБТИК+ заедницата. Во книгата „Разговор со Мерлин“ објавена по нејзината смрт ја покажува поддршката која ја давала на нејзиниот пријател актерот Монтгомери Клифт кој бил геј.
„Луѓето обожаваат да лепат етикети на другите луѓе. Така се чувствуваат сигурно. Дури и мене ме направија лезбејка но јас се смеев. Ниеден секс не е погрешен ако има љубов во него“, е цитирана Монро.
Мерлин освоила многу Златни Глобуси
За нејзината кариера како актерка особено како актерка во комедии честопати се заборава на сметка на секс-симбол фокусот. Најпрестижната наградата била за улогата Sugar Kane во комедијата Some like it Hot за која го добила Златниот глобус за најдобра актерка во комедија или мјузикл. Таа била номинирана и за Оскар за најдобра женска улога во 1957 година за филмот Bus Stop.
Таа го прекинала својот меден месец за перформанс за воените трупи на САД во Кореа
Таа добивала многу писма од војниците кои биле стационирани надвор од САД па затоа кога генералот Чарлс В. Кристенбери предложил да направи перформанс за нив во Кореа, таа веднаш се согласила за да го подигне нивниот морал.
„Имаше 17 илјади војници пред мене кои викаа на цел глас, и иако почна да паѓа снег, јас се чувствував како да седам на сонце. За прв пат не бев исплашена, само бев среќна. Се чувствував како дома“, рекла Мерлин.
Мерлин ја импресионирала Кралицата Елизабета Втора
Во 1956 година Мерлин се сретнала со Кралицата Елизабета Втора, средба за која носела елегантен златен фустан со деколте, иста шапка и опера ракавици. Иако луѓето задолжени за протокол сметале дека Кралицата нема да го одобри овој изглед, тие пријатен иако краток момент. Всушност Кралицата толку уживала во средбата со Мерлин што потоа ги изгледала сите нејзини филмови, било објавено во магазинот „Пипл“.
Монро била филантроп
Со оглед на тоа што детството го поминала во домови за деца и згрижувачки семејства Мерлин никогаш не ја испуштала можноста да им помогне на оние на кои им требала помош. Во 1955 се здружила со Светскиот Фонд за посвојување за да им овозможи дом на децата во згрижувачки семејства. Таа ги продала на аукција свои обетки во 1957 година, а парите ги донирала во Млечниот фонд за бебиња, организација која се грижела за новороденчиња во хуманитарните проекти во Њујорк. Кога починала во 1962 година 25 проценти од нејзиниот имот бил дониран на Ана Фројд, детската клиника во Лондон, а пред да почине работела на проект за наоѓање на лек за мускулна дистрофија.